Чикаго ја победи Оклахома Сити

Од:

Екипата на Чикаго ја постигна четвртата победа во новата сезона од НБА лигата откако ноќеска славеше над Оклахома Сити на домашен терен со 104:98.

Решавачка предност „биковите“ ја направија во вториот период, кој го добија со десет разлика (32:22) во изедначениот дуел. Дерик Роуз со 29 поени и Џими Батлер со 26 беа најефикасни кај Чикаго, а „дабл-дабл“ учинок имаше Пау Гасол 11 поени и 10 скокови.

Во редовите на Оклахома Сити Кевин Дјурант постигна 33 поени, а Расел Вестбрук 20.

Резултати на ноќеска одиграните натпревари: Чикаго – Оклахома Сити 104:98, Минесота – Мајами 84:96, Далас – Шарлот 94:108, Денвер – Јута 84:96 и Портланд – Мемфис 115:96.

Вечерва на програмата се десет натпревари.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on