Грчката полиција соопшти дека било пукано врз неа за време на апсење на двајца илегални трговци со луѓе, кои превезувале 22 лица преку реката Еврос, на граница со Турција.
Врз патролата и бегалците биле испукани 30 куршуми, а полицијата пукала во воздух.
Полицијата соопшти дека синоќа пограничната контрола пресретнала два гумени чамци кои ја преминале реката со 24 лица, меѓу кои и седум деца. Само еден од нив бил Ирачанец, а другите Сиријци.
Двајца Сиријци се приведени под сомнение дека го организирале илегалното преминување.