Откажани слаломските трки во Леви

Од:

Поради недостаток на снег и високи температури за овој период од годината, женскиот и машкиот слалом кои беа предвидени да се возат на 14 и 15 ноември во финскиот скијачки центар Леви се откажани.

– Не би било фер, ниту за натпреварувачите ниту за публиката, да ги организираме трките во неидеални услови. Имаме одлични машини за правење вештачки снег. Ако ни дозволуваа временските услови ќе ја подготвевме патеката, но тоа за жал не може да се направи во предвидените термини за трките од Светскиот куп, изјави Јане Пеконен од организацискиот одбор за трките во Леви.

Метеоролошкиот завод во Финска нема поволни прогнози за другиот викенд, а во моментов во делови од Финска температурите достигнуваат и до 20 степени што е несвојствено за ноември во оваа скандинавска држава.

Досега во новата сезона од Светскиот куп се одржаа само по еден велеслалом во женска и во машка конкуренција на 24 и 25 октомври во Зелден, Австрија.

Би можело да ве интересира

Еден од најдобрите ски скокачи ја заврши кариерата, не се опорави од тешкиот пад

Предраг Петровиќ

Хорор во Италија: Познат скијач и неговата девојка паднаа во провалија длабока 700 метри

Предраг Петровиќ

Браатен шокира со одлуката да го напушти скијањето, легендата му нуди брак за да му ја спаси кариерата

Предраг Петровиќ

Скијањето станува загрозен спорт

Предраг Петровиќ

Братен ја „прегази“ конкуренцијата во првиот слалом оваа сезона

Откажан стартот на скијачката сезона