Норвешката Влада не исклучува можност времено да го затвори единствениот граничен премин на копнената граница со Русија, бидејќи од Федерацијата во Кралството пристигнуваат се повеќе бегалци од блискоисточни држави. Тоа за весникот „Афтенпостен“ го изјави норвешкот министер за правда и јавна безбедност, Андерш Анјундсен.
– Ги разгледуваме сите можности и во моментот водиме дијалог со руските власти од кој за сега немаме резултат, изјави тој.
Над три илјади бегалци пристигнале оваа година во задполарните реони во Норвешка од Русија преку граничниот премин Стурскуг. Над 90 отсто од нив пристинале во изминатите два месеца. Првично повеќето биле Сиријци додека сега над половината молби за азил се од Авганистанци.