Роман од Душко Родев објавен во Србија

Од:

Романот „Во очекување на Нобеловата награда“ на Душко Родев неодамна беше објавен во Србија од издавачката куќа „Агора“ од Зрењанин.

Романот на Родев, за кој рецензии напишаа Наташа Дракулиќ и Благоја Иванов, беше изложен на штотуку завршениот Саем на книгата во Белград. Сопственикот и главен уредник на „Агора“ Ненад Шапоња  покажа интерес и за другите романи за Родев, па деновиве меѓу издавачот и авторот беше потпишан договор за превод на српски јазик и на романот „Светлата иднина почнува утре, најдоцна задутре“.

Душко Родев (1932) е добитник на повеќе награди и откупи на конкурсите за раскази на „Нова Македонија“ и „Политика“. Неговиот роман „Човекот што ги сакаше калинките“ ја доби наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“ за 2010 година.

Родев е автор на романите: Беспатици; Враќање кон црвената земја; Еребици во каменестиот пејзаж; Разговори со Дојрански; Светлата иднина почнува утре, најдоцна задутре; Цветот на дивата роза; книгите раскази: Зелена боја по дождот; На снегот, со Олја; Косови, зиме;  и драмите; Здраво седма сило и Првиот ешалон. По негово сценарио е снимен и ТВ-филмот Дивеч за отстрел.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска