Продолжение на 71. седница на Собранието на Република Македонија

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 71-вата седница со повеќе точки на дневниот ред.

Пратениците треба да расправаат за неколку предлози за финансиски заеми за реализација на проекти од патната инфраструктура, како и за изменување на закони по скратена постапка – Законот за задолжителни нафтени резерви, Законот за персонален данок на доход, Законот за платниот промет.

На дневен ред се и предлог-закони во прво читање: за изменување и дополнување на Законот за финансиска дисциплина, за изменување и дополнување на Законот за договорен залог, за изменување и дополнување на Законот за рамномерен регионален развој, Предлог на закон за занаетчиство, Предлог на закон за дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, Предлог на закон за дополнување на Законот за енергетика, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште, Предлог на закон за изменување на Законот за пасиштата, Предлог на закон за дополнување на Законот за одбрана…

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Собранието одлучи: Нафтената кризна состојба се продолжува до 20 јули