Унгарскиот Парламент денеска изгласа резолуција со која не се прифаќа планот на Европската унија за воведување на квота за распоредување на бегалците во земјите-членки.
Резолуцијата беше изгласана со гласовите на пратениците од партијата на премиерот Виктор Орбан – ФИДЕС, на коалицискиот партнер – Христијанскодемократската народна партија и ултрадесничарската Јоббик, со што и се овозможува на Владата да преземе правни дејствија против ЕУ, за да не учествува во планот за распределба на мигрантите.
Унгарија подигна ограда на границата со Србија и со Хрватска со цел да ги спречи бегалците.