Убавото и сончево време ја интензивира жетвата на оризот во Кочанско. Од насеаните 4.310 хектари досега се собрани 2.447 или 56,7 отсто.
– Во годинашната жетва се вклучени 180 комбајни. Просечните приноси се движат и до 5.800 килограми на хектар. Од домашните сорти ориз најголеми приноси има „сан андреа“, додека од турските, неколкуте кои се веќе во производство ги даваат очекуваните реазултати, рече денеска на прес – конференција Јордан Димитров, раководител на Подрачната единица на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство.
За откупот на арпата и белиот ориз кој се уште не е почнат, важи договорената цена од 25, односно 50 денари за килограм.