Мили ја нарече Русија најголема закана за САД

Од:

Началникот на Генералштабот на копнените сили на САД Марк Мили, кој неодамна се врати од Киев, ја нарече Русија најголема закана за САД, поради поседување нуклеарно оружје и можноста да го искористи.

– Русија е единствена држава во светот со нуклеарни способности да ги уништи САД, што означува и егзистенцијална закана, наведе Мили на Првиот самит за одбрана одржан во Вашингтон.

– Со неодамнешните однесување, Русија покажа дека ќе биде подготвена да користи таков вид оружје, додаде генералот и напомена дека Русија од 2008 година го крши „вестфалскиот поредок“ со „инвазии врз суверени држави“.

– Ако тоа звучи познато, тоа е затоа што Мили користеше исти фрази во јули пред Сенатот, за време на назначувањето, објави „Раша тудеј“.

Весникот додава дека истата фраза две недели пред него, ја користел во Сенатот и началникот на Здружениот генерал штаб на вооружените сили на САД, Џозеф Данфорд за време на поставувањето на функција.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија