Кошаркарот на Кливленд, Леброн Џејмс од ноќеска е најмладиот кошаркар во НБА со постигнати 25.000 поени.
Џејмс до рекордот стигна на возраст од 30 години и 307 дена, поминувајќи го Коби Брајант кој беше досегашен рекордер со 31 година и 351 дена.
Леброн стана шестиот активен играч со 25.000. Покрај него такво достигнување од оние кои се уште настапуваат во НБА лигата имаат: Дирк Новицки од Далас, Тим Данкан од Сан Антонио, Кевин Гарнет од Минесота, Коби Брајант од ЛА Лејкерс и Пол Пирс од Клиперс.
Во победата над Филаделфија Леброн учествуваше со 22 поени, 11 асистенции и 9 скокови и му фалеше само еден скок за трпил-дабл.
Резултати на натпреварите од НБА лигата одиграни ноќта понеделник кон вторник:
Филаделфија – Кливленд 100:107,
Бруклин – Милвоки 96:103,
Њујорк – Сан Антонио 84:94,
Хјустон – Оклахома 110:105,
Минесота – Портланд 101:106,
Голден Стејт – Мемфис 119:69,
ЛА Клиперс – Феникс 102:96.