Федерер се откажа од борбата за број 1

Од:

Првиот тенисер на светот, Швајцарецот Роџер Федерер се повлече од турнирот во Париз за да се одмори и подготви за завршниот турнир сезонава во Лондон.

„Моментално ова е најдобро за мене. Би било премногу да играм и во Париз. Имам помали здравствени проблеми и не сакам да ризикувам. Ми треба време да се опоравам“, изјави Федерер.

Тој, минатата година го освои турнирот во Париз, а титулата ја брани и во Лондон.

„Минатата година ја имав една од најдобрите недели во мојот живот. Навивачите во Париз се прекрасни, оваа одлука е донесена навистина во последен час“, додаде Федерер.

По поразот во Базел, Швајцарецот има 345 бодови повеќе од српскиот тенисер, но Новак на последните два турнири брани вкупно 380 поени што значи дека и да не игра до крајот на сезоната, 2012-та ќе ја заврши на првото место.

Федерер во финалето на турнирот во Базел изгуби од Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро со 6:4, 6:7, 7:6, по два часа и 44 минути игра.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех