Бурунди ја призна независноста на Косово

Од:

Бурунди, мала централно-африканска република, ја признала независноста на Косово, пишува Koha.net, повикувајќи се на изјавата на косовскиот вицепремиер, Беџет Пацоли.

Според вицепремиерот и контроверзен косовски бизнисмен, тој ја добил вербалната нота за признавањето од министерот за надворешни работи на Бурунди, Лорен Кавакуре, во престолнината Бужумбуре.

Бурунди со население од девет милиони жители, е една од посиромашните земји во светот, а е членка на Организацијата на обединетите нации од 1962 година.

Косово ја прогласи својата независност на 17-ти февруари 2009 година, со едностран акт издвојувајќи се од Србија, во чиј состав беше дотогаш како покраина. Досега независност на Косово ја признаа повеќе од 90 држави.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски