Одиграни неколку натпревари во НБА лигата

Од:

Кошаркарот на Голден Стејт Стив Кари продолжува со извонредните игри со кои се наметна како најдобар играч на почетокот од сезоната во НБА. Тој во голем стил го предводеше својот тим  до триумф на гостувањето против Њу Орлеанс со 120:134.

Кари беше незапирлив за противничките кошаркари, па го заврши мечот со неверојатни  53 поени. Покрај поените, Кари имаше девет асистенции и четири украдени топки.

Њујорк Никс изненади со  триумф на гостувањето против Вашингтон од 110:117, а најзаслужен беше Кармело Ентони со 37 поени.

Мемфис рутинирано запиша победа на мечот со Бруклин Нетс, од 101:91. Мајк Конли со 22 поени беше најефикасен кај Мемфис.

Резултати: Вашингтон – Њујорк 110-117, Мемфис – Бруклин 101-91, ЛА клиперс – Сакраменто 114-109, Портланд – Феникс 90-101, Њу Орлеанс – Голден стејт 120-134, Индијана – Јута 76-97.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on