Месец посветен на Васил Иљоски во Крушево

Од:

По повод две децении од смртта на драмскиот писател Васил Иљоски (1 ноември 1995), неговиот роден град Крушево во ноември ќе организира повеќе настани во рамки на „Месец посветен на Иљоски“.

Здружението на граѓани „Академик“ од Крушево ќе промовира видео, аудио и печатени материјали кои сведочат за големото значење на Иљоски за развојот на македонската драмска уметност. Во одбележувањето се вклучи и Историскиот музеј од Крушево, на чие барање Бирото за филателија на Македонија при Македонска пошта изработи пригоден поштенски жиг со ликот на Васил Иљоски.

На 7 ноември во Домот на културата во Крушево „Академик“ ќе промовира монографија и изложба изработена во соработка со неколку театарски куќи од Македонија. Ќе бидат доделени и плакети на победниците од литературниот конкурс посветен на Иљоски, на кој учествуваа ученици од основните и средните училишта од цела Македонија.

На 13 ноември, пак, членовите на драмската група при СОУ „Наум Наумовски-Борче“ пред крушевчани премиерно ќе ја изведат претставата „Чест“ од Иљоски, во режија и драматизација на Никола Јованоски.

– Со тоа се покренува иницијатива за театарски фестивал „Васил Иљоски“, кој од следната година би се одржувал во Крушево. На фестивалот ќе можат да учествуваат аматерски театарски групи од земјава но, пред се, театарски групи од основните и средни училишта во Македонија. Единствен услов ќе биде претставата да биде според текст од македонски автор, со што ќе се промовираат домашните автори, соопшти Здружението „Академик“.

Проектот „Одбележување 20 години од смртта на Васил Иљоски“ го поддржа Министерството за култура во Годишната програма за 2015 година.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска