Уапсени 15 лица и конфискувано поголемо количество на дрога

Од:

Шпанската и португалската полиција денеска соопштија дека во заедничка акција разбиле нарко група која шверцувала дрога од Мароко во Шпанија. Во акцијата уапасени се 15 лица и запленето е поголемо количество дрога.

– Запленети се 2.400 килограми хашиш во три одвоении прекугранични рации, 463.465 евра, 23 глисери, четири скутери, 12 возила и 4.750 литри гориво, се наведува во соопштението.

Засега не е познато каде се спреоведени апсењата.

Седиштето на наркобандата било во југозападниот дел на Шпанија. Тие користеле мрежа од специјално опермени пристаништа и магацини за складирање на дрогата. Кога откриле дека се набљудувани дел од своите активности префрлиле во јужна Португалија.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата