Скопските училишта „Лазо Трповски“ и „Владо Тасевски“ наградени на меѓународен натпревар во Токио

Од:

Во рамки на одбележувањето на „70-годишнината од основањето на УНЕСКО“, две училишта од Македонија, ООУ „Лазо Трповски“ и Владо Тасевски од Скопје, се наградени на Меѓународниот литературен натпревар за млади во Токио, Јапонија, што го организираа УНЕСКО и јапонската фондацијата ГОИ од Токио. Меѓу наградените на овој натпревар во својата возрасна категорија е и ученичката Елена Стојкоска од Скопје.

Покровител на натпреварот е министерот за образование, култура, спорт, наука и технологија на Јапонија. Со прозни лични творби напишани во форма на есеи на тема „Градиме мир во нашите срца и души“  учествуваа 12.960 учесници од 148 земји. Личната творба напишана во форма на есеј не смееше да содржи повеќе од 700 зборови и беше напишана на еден од странските јазици што се изучуваат во училиштата (германски или англиски јазик). Тимовите на основните училишта Лазо Трповски и Владо Тасевски на натпреварот во Токио беа предводени од наставниците Стефан Симовски, предметен наставник по германски јазик и Виолета Панев, предметен наставник по англиски јазик.

Првата и втората награда се парични, а организаторот доделува вкупно 33 награди за најуспешните млади автори и специјална награда за најуспешно училиште на натпреварот. Наградите на наградените ќе им ги врачи министерот за образование, култура, спорт, наука и технологија на Јапонија, на свеченост во Токио на 1 декември годинава.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование