Од дел на трупот на рускиот авион се слушаат гласови

Од:

Рускиот авион Ербас А-321 се урна претпладнево во Египет, 23 минути по полетувањето. Спасувачките екипи веднаш се упатија на местото каде е паднат авионот, а според новите информации се слушаат гласови од трупот на авионот што влева надеж дека има преживеани.

Семејствата на патниците чекаат на аеродромите во Русија информација за загинатите.

686570_nestali-avion-rodjaci01tanjugfoto-ap_ff

-Постои уште еден дел од авионот со патници и спасувачките екипи се обидуваат да влезат со надеж дека ќе пронајдат преживеани, со оглед дека се слушаат болни извици на луѓе, наведе претставник на властите во Синаи.

Според последните информации, пронајдени се пет деца кои погинале во несреќата.

686572_nestali-avion-rodjaci03tanjugfoto-ap_ff

Рускиот претседател Владимир Путин изрази најдлабоко сочувство до семејствата на погинатите во патничкиот авион, пренесоа руските агенции.

Тој наредил веднаш да им биде обезбедена помош на семејствата на погинатите.

Руското министерство подготви три авиони за спасување, како и мобилна работна група за помош при несреќи и катастрофи.

686565_avion-2-avion-sinaj_ff

Египетскиот врховен обвинител генералот Набил Садек нареди истрага во врска со падот рускиот авион. Формиран е тим на обвинители со цел да одат на местото на несреќата и да ги истражат деловите на авионот.

Руската амбасада на Кипар, ги проверува околностите под кои се случи несреќата.

686564_avion-1-avion-sinaj-copy_ff

По одложувањето на потрагата, поради лошите временски услови, египетските спасувачки тимови го лоцираа местото на падот на авионот во областа Хашан, 35 километри јужно од градот Ал Ариша, на медитеранскиот брег на Синаи.

Одредени медиуми шпекулираат дека авионот нагло ја променил брзината на спуштање во последните 20 секунди пред да исчезне од радарот. Официјални информации се уште нема.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Алаудинов: Зеленски ќе мора да потпише безусловна капитулација