ХОТАМ: Потребни се нови модерни хотели за развој на туризмот

Од:

Потребни се нови сместувачки капацитети и зголемување на бројот на легла во Македонија за развој на туризмот, смета претседателот на ХОТАМ Крсте Блажески.

Според него, бројот на сместувачки капацитети треба да се зголеми двојно и тоа во модерни хотели.

– Треба да направиме се што е потребно за градење нови капацитети и зголемување на бројот на легла во Македонија. Нас ни се потребни вистински модерни хотели, да не бидат одмаралишта или станбени згради претворени во хотели,  вели Блажески.

Годинава, посочи тој, имало над 750.000 ноќевања, што оцени дека е добра бројка во однос на сместувачките капацитети. Посебно смета дека треба да се работи на истоичниот дел од државата. За развој на туризмот во Македонија, како што нагласи првиот човек на ХОТАМ, ќе придонесе и подобрувањето на инфраструктурата, изградбата на автопатиштата и реконструкцијата на магистралните и регионалните патни правци.

Очекува за брзо да бидат изготвени плановите за туристичките зони и транспарентно да бидат прикажани со што ќе се изнајдат инвеститори. Според најавите предвидено е изградба на туристички зони во Охрид и Струга, а како варијанта била споменувана и Радожда.

– Туристичките зони опфаќаат плацеви за градба на хотели, шопинг центри и други пропратни објекти што треба да ги има една туристичка дестинација. Очекуваме позитивни резултати од тие зони и понудата што ќе ја дадат, изјави Блажески.

Тузримот е брзо ратсечка гранка, во светот лани се надмина бројката од една милијарда посетители. Низ Европа најчесто шетаат туристи од Јужна Кореја, Јапонија и Кина, а Македонија како дел од Балканот често влегува во тие кружни тури.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ