Делницата од Градско до Неготино денеска од 5:00 до 18:00 часот ќе биде затворена за сообраќај поради најавеното снимање на францускиот филм „А Фонд”.
Како што соопшти АМСМ, прекин на сообраќајот се очекува и во понеделник, на 2-ри ноември, на патот А2 Кичево-Охрид на делот меѓу Пресeка и село Врбјани, поради минирање. Сообраќајот ќе биде во прекин 15 – 20 минути помеѓу 14:30 – 16:30 часот.
Сообраќајот денеска на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.