Меѓународната конференција за Сирија во Виена денеска заврши по осумчасовни преговори и ќе продолжи по две недели, изјави шефот на француската дипломатија Лоран Фабијус.
– Ги опфативме сите теми, вклучително и најтешките. Имаме различни ставови, ни и прилично напредуваме, ќе имаме повторна средба за две недели, посочи Фабијус.
Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Федерика Могерини наведе дека на конферфенцијата е постигната согласност за продолжување на преговорите.
– Тоа не се едноставни преговори туку историски преговори, бидејќи првпат на една маса седнаа сите заинтересирани земји. Оценувам дека постигнавме заеднички став, кој можеме да го развиваме во иднина, посочи Могерини.