Бочварски во работна посета на Кина

Од:

Членот на ИО на СДСМ и претседател на комисијата за транспорт и врски Благој Бочварски учествуваше на политичкиот форум за лидери што се одржа во Пекинг, Кина во периодот од 27-30 октомври.

Во рамките на овој форум, тој оствари работна средба со вице гувернерот на провинцијата Хебеи, Кин Бујонг, а се сретна и со претставници на административниот комитет на економската и технолошката развојна зона Лангфанг. На средбите се разменија мислења за интензивирање и продлабочување на меѓусебната соработка.

Во обраќањето на форумот, Бочварски ја акцентираше заложбата на СДСМ за осовременување на инфраструктурниот систем, со посебен осврт на железничкиот сообраќај и напомена дека икуствата што се добиени од оваа посета се одличен пример како треба да изгледа една современа инфраструктурна мрежа.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Клековски денес призна и за жолтица во Гостивар– време е кривично да одговара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Сè уште нема документ за водата во Гостивар а нови градови се со отровна вода

(ВИДЕО) Штерјова: Мицкоски пак го копира Вучиќ – сè е copy-paste, само со неколку дена задоцнување

СДСМ: По сите пропусти во Гостивар, Мицкоски сега бара алиби во експертите

Горан Наумовски

СДСМ: По Гостивар, Крушево, Маврово и белата пена во Вардар, сега и Булачани – Мицкоски, Тошковски и ВМРО-ОКГ ја отруја цела Македонија

СДСМ: Кога Мицкоски ќе најави мерки за намалување на цените, веднаш следува поскапување