Приведени браќа од Куманово осомничени за продажба на дроги

Од:

Полицијата вчера изврши претрес на домoвите на браќата Д.Б.(41) и Т.Б. (35) во Куманово, по предходно добиено оперативно сознание, а врз основа на издадена наредба од Основен суд Куманово.

При извршениот претрес кај Д.Б., соопшти денеска МВР, се пронајдени и одземени еден грам „кокаин“ и лекови Кетопровин, додека кај Т.Б. се пронајдени околу 10 грама „амфетамин“. За време на претресот во собата кај Т.Б. се затекнати лицата Б.Т.(33) и 16 годишно малолетно женско лице од Куманово при што на масата имало видливи трагови од користење наркотична дрога.

Сите лица, се наведува во соопштението, се приведени во СВР Куманово каде што им е земена урина која е доставена на вештачење.

По целосно расчистување и документирање на настанот ќе биде изготвена кривична пријава за сторени две дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“.

Инаку, браќата Д.Б. и Т.Б. се познати сторители на кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога, имотни деликти и насилен криминал.

Би можело да ве интересира

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он