Медведев: ЕК бара Србија да го раскине Договорот за слободна трговија со Русија

Од:

Рускиот премиер Дмитриј Медведев денеска изјави дека Европската комисија бара од Србија да се откаже од Спогодбата за слободна трговија, која е склучена меѓу Русија и поранешна СР Југославија на 28 август 2000 година.

Медведев на седницата на Советот на претседателите на владите на Заедницата на независни држави во главниот град на Таџикистан, Душанбе истакна дека за неможноста истовремено да се учествува во две зони на слободна трговија разговарал со премиерот на Србија, Александар Вучиќ.

– Сега кога Србија се подготвува да стапи во ЕУ, ЕК бара откажување од таа Спогодба. Така што нашите стравувања се целосно основани, рече рускиот премиер.

Медведев во Душанбе ги потсети Украина и Молдавија за неможноста за истовремено учество во зоните за слободна трговија на ЕУ и ЗНД, укажувајќи дека се појавува закана за реекспорт на стоки од европските земји како украински и молдависки.

– Одлуката на некои наши партнери, поточно Украина и Молдавија, да ја спроведуваат Спогодбата за асоцијација со ЕУ, создаваат потешкотии за поконструктивна работа. Ние повеќе пати зборувавме за тоа дека е невозможно да се учествува истовремено во две зони за слободна трговија, со ЕУ и во рамки на ЗНД, додаде Медведев.

Би можело да ве интересира

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио