Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека народот во Европа почнал „да се буди“ и да сфаќа дека прашањето за миграциите е културолошко и оти „нашиот идентитет е доведен во прашање“, јави Танјуг.
Орбан рече дека по прашањето за мигрантите не може да се очекува решение од Брисел и оти државите од ЕУ морa да го решаваат одделно, како што тоа Унгарија го сторила.
Тој смета дека плановите на ЕУ за системот на квоти за распределба на имигранти „еволуирале во уште поголема опасност“, бидејќи системот за дистрибуција сега е планиран да стане постојан механизам.
– Тоа во целост го одбиваме, рече Орбан и додаде дека членството во ЕУ не значи дека некој може за прием на имигранти да одлучува против волјата на Унгарија, рече тој.