Гран при за германскиот документарен филм „Арефи, овчарот“ на ФАДФ „Камера 300“

Од:

Меѓународното жири на 23. Интернационален фестивал на аматерскиот (непрофесионален) документарен филм (ФАДФ) „Камера 300“ кој деновиве се одржува во Битола соопшти дека годинашен победник на фестивалот и освојувач на наградата Гран при – „Плакета Милтон Манаки“ е документарниот филм „Арефи, овчарот“ чиј автор е Даниел Асад Фаези од Германија.

Годинава на ФАДФ „Камера 300“ се натпреваруваа 52 филмови од 11 држави во Европа, а проекција на најдобрите ќе биде приредена вечер во малата сала на битолскиот Центар за култура, информира Стевче Хаџиандоновски, претседател на Советот на ФАДФ „Камера 300“.

– И овој пат имавме прекрасна фестивалска понуда. Сите документарни филмови можеше да бидат наградени, а најдобри меѓу најдобрите се германскиот „Арефи, овчарот“, словенечкиот „Мозаик“ кој ја доби златната „Камера 300“, документарецот на Валентина Илиевска „Марков бунар“ освои сребрена, а бронзената „Камера300“ му припадна на Јован Наумовски за филмот „Умина душа“, посочи Хаџиандоновски.

Со одлука на фестивалското жири наградени се Петар Узуновски кој доби златен медал на УНИКА за филмот „Киното на терзијата Јонче Карамитре“, плакета за режија „Драги Савевски“ доби бугарскиот автор Владимир Илиев за филмот „Страст покрај Дунав“, плакета за репортажа доби Љупчо Петровски за филмот „За денот“, авторот на документарецот „Вујче“, Перо Кованцлиев доби плакета за идеја, а плакета за монтажа годинава е доделена на Соња Штегер од Австрија за филмот „Добро утро Кашмир“.

ФАДФ „Камера 300“ со специјални награди-диплома ги одликува и авторите Ивануша Тинчек од Словенија за филмот „Одмазда“, Фрија Андерсон од Шведска за филмот „Приказни од војната“ и Спиро Борисов од Бугарија за документарецот „Спиро лотиер“

ФАДФ „Камера 300“ се одржува со поддршка на Агенцијата за филм на Република Македонија и општина Битола која додели посебна награда за најдобра камера, а таа им припадна на Горан Поповски и Анастасија Бошкоска, автори на документарниот филм „Ковач“.

Би можело да ве интересира

Премиера на првиот долгометражен документарен филм за Конески – „Јанѕа“

Ана Ололовска

Тренчевска: Развојот на социјалното претприемништво има клучно значење во општеството, филмот „Барка-Извор на живот“, ја дава реалната слика за неопходноста од солидарност во заедницата

Ана Ололовска

Премиера на македонскиот документарен филм „Како ја дефинираш ароганцијата?“

Ана Ололовска

Документарците на Горан Радовановиќ за Душан Макавеев и Петер Хандке на филмската програма на Кинотека

Снимање на краткиот документарец „Возот кој никогаш не дојде“

Ана Ололовска

Премиера на документарецот „Охридските пливачки легенди“

Ана Ололовска