(ВИДЕО) Манчевски: Трајановски се луксузира, а во Буџетот нема мерки за загадениот воздух и безбедноста во сообраќајот

Од:

„Пред два дена го разгледувавме Нацрт буџетот на град Скопје за 2016 и Планот на програми за развој за 2016 – 2018 година. Во нив не постои ниту една дополнителна мерка за намалување на загаденоста на воздухот или за зголемување на безбедноста на сообраќајот. За Коце Трајановски и понатаму се приоритет раскошот и луксузот на Никола Груевски, наместо потребите на граѓаните“, рече на денешната прес конференција, Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ и координатор на советничка група на СДСМ и коалициските партнери.

„Па така во следните три години Коце Трајновски планира да се луксузира со:

10.300.000 евра за новата зграда за неговите потреби

Нови 7.800.000 евра за барокни фасади

Само во следната 2016 година, Коце Трајновски планира да потроши:

500.000 евра за пристапни улици околу партиското седиште на ДПМНЕ

Нови 3.000.000 евра за плоштади и фонтани

500.000 евра само за проекти за барокни фасади

Во исто време, за следната година испланирал:

срамни 374.000 евра за проекти за енергетска ефикасност

само 750.000 евра вкупно за изградба на комунална инфраструктура

мизерни 16.000 евра за расчистување на диви депонии

и пазете 500.000 евра за реконструкции на училишни згради, фискултурни сали и спортиски игралишта. Исто колку за пристапни улици за плоштадот ВМРО или проекти за барокни фасади.

После ваков нацрт буџет се поставува прашањето дали Коце Трајновски се откажал од Скопје? Но, ние од СДСМ и коалицијата не се откажуваме. На денешната седница меѓу другите прашања, ќе го прашаме кои конкретни мерки ги предвидува следната година за намалување на загаденоста на воздухот и зголемување на безбедноста во сообраќајот. Ќе го прашаме и за нелегалната одлука за препродажба на водата преку  РЖ Услуги. Ќе го прашаме и многу други прашања, кои ги прашуваат граѓаните на Скопје.

Затоа што Скопје заслужува многу повеќе и многу подобро“, изјави Манчевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето