Две нови книги од скандинавски автори во издание на Или -или

Од:

Утре од печат излегуваат два нови превода од скандинавски автори на издавачката куќа Или -или. Се работи за романите „Одбивам“ на Пер Петешон, во превод од норвешки јазик на Искра Бадева, и „До последниот здив“ на Ане Сверд, во превод од шведски јазик на Родна Русковска.

По тој повод, во петок и во сабота домашните читатели ќе можат да ги набават книгите по промотивни цени во книжарницата Или – или во Скопје, во рамките на Скандинавското викенд мени, во чии рамки освен новите две книги, по намалени цени ќе можат да се купат и останатите изданија од скандинавските автори.

doposledenzdiv

Ова се 119 и 120 издание во популарната едиција ПРОаЗА на ИЛИ-ИЛИ, со што издавачката куќа заокружува уште една година во која на читателите им ги подари и преводите на новите дела на писатели како Георги Господинов, Ханиф Курејши, Дејвид Мичел…

Илустрациите на кориците ги изработи Марија Смилевска, а дизајнот е на бригада.мк, а излегувањето на книгите е дел од програмата Креативна Европа на Европската унија.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска