Буралиева: Премиерот не држи во заложништво, нема што да го прашуваме

Од:

Независната пратеничка, Љубица Буралиева побара да се укине институтот пратенички прашања на денешната седница во Собрание се додека актуелниот премиер, Никола Груевски, не поднесе оставка. Овој премиер, рече таа, сите нас не држи во заложништво и нема причина да го прашуваме за новите ленти кои ги пресекол или за чешмите кои ги пуштил во употреба.

Нејзиниот предлог со негодување беше отфрлен од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Тие со тропање по клупите ја испратија пратеничката од говорницата до нејзиното место, а претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, и рече дека пратеничките прашања се работа на деловникот.

До пратениците не допреа зборовите на Буралиева да ја послушаат сопствената совест.

-Кога се вратив во Собранието ме дочекавте со ракоплескање. Ми беше тешко. Сакам јас да ви ракоплескам на вам ако постапите како вистински пратеници и да му кажете не на овој премиер. Тој е човек кој сите нас не држи во заложништво – рече таа.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска