ЕУ: Решението за кризата треба да се бара преку институциите на Црна Гора

Од:

Секое решение на актуелната политичка криза мора да се бара во Црна Гора, без посредување на Европската унија, е пораката на Брисел по повод ситуацијата во земјата.

– Брисел останува при ставот дека политичкиот дијалог меѓу претставниците на партиите мора да се води исклучиво во институциите на системот односно во Парламентот, изјави портпаролката на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика ии безбедност Маја Коцијанчич.

Таа наведе дека пораката од Брисел на лидерите на Демос, на демократите и на Обединета реформаска акција (УРЕ), Миодраг Лекиќ, Алекс Бечиќ и Жарко Ракчевиќ им ја пренел шефот на Делегацијата на ЕУ во Подгорица Митја Дробнич.

Лидерите на трите партии вчера соопштија дека е неопходно да се формира влада на национално единство, која би можела да го контролира демократскиот процес и да организира фер избори. 

Би можело да ве интересира

Вучиќ и покрај заканите од ЕУ ќе оди во Москва: Не ја менувам одлуката

Изгласана новата Влада на Србија

Вучиќ го објави извештајот на руската ФСБ во кој се тврди дека на протестите во Белград не бил употребен звучен топ.

Предраг Петровиќ

Интерпол го одби барањето на БиХ за распишување меѓународна потерница за Додик

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад

Австриски „Дер Стандард“: ЕУ смета дека за апсењето на Додик „не вреди да се вложи труд “

Предраг Петровиќ