Властите во Египет се обидуваат да поттикнат избирачка активност

Од:

Властите во Египет одлучија да објават половина од денешниот ден да биде неработен во обид да зголемат избирачка активност за парламентарните избори во државата, јави ДПА.
Одлуката беше донесена од премиерот Шериф Исмаил во вториот ден од гласањето. Исмаил ги повика работодавачите во приватниот сектор да ги обезбедат неопходните услови на работниците да гласаат.
Но, и покрај тие мерки локални телевизии покажаа инсерти во кои дел од избирачките места речиси се празни два часа откако почна вториот круг од изборите.
Гласањето се одржува во половина од египетските региони во кои претходно овој месец се одржа првиот круг од гласањето. Останатите региони ќе гласаат идниот месец. Се очекува на изборите да победат сили лојални на претседателот Абдел  Фатах ал Сиси.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина