Со дуелот помеѓу Голден Стејт Вориорс и Њу Орлеанс доцна вечерва започнува новата НБА сезона, во којашто „воините“ ќе ја бранат шампионската титула освоена лани. Актуелниот шампион сезонава ќе почне без тренерот Стив Кер кој поради операција ќе биде заменет од асистентот Лук Волтон. Тие го задржаа скоро истиот тим предводен од Кари и Томпсон.
Главни конкурети покрај „воините“ ќе бидат Сан Антонио кој се засили со Ламаркус Олдриџ од Портланд, Хјустон Рокетс и ЛА Клиперс, кои се уште посилни од лани во обидот да го симнат Голден Стејт од тронот.
Но најсериозен конкурент за шампионскиот прстен е Кливленд кавалирс. Клубот од Охајо во новата сезона влегува како еден од главните фаворити за освојување на НБА лигата, но за тоа ќе треба Леброн Џејмс да ја има вистинската поддршка од Лав и од Ирвинг, кои поради повреди ги пропуштија клучните мечеви минатата сезона.