Прв том од „Македонска книжевна критика и есеистика“ на Стана Атанасовска

Од:

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ објави прв том од публикацијата „Македонска книжевна критика и есеистика“ од авторката Стана Атанасовска. Книгата е резултат на обемно специјалистичко библиографско истражување со примена на меѓународните стандарди за библиографски опис и има за цел во два тома да опфати релевантни референци за македонската критика и есеистика во последниве три децении.

Како што информира НУБ, првиот том содржи библиографски информации за периодот од 1983 до 1999 година. Опфатени се автори кои ги имаат поставено цврстите темели на македонската критика и есеистика и имаат значаен придонес за афирмирање на книжевно-уметничките вредности на делата кои оставиле траен белег во поезијата, прозата и драмата.

– „Македонската книжевна критика и есеистика“ е специјална библиографија што опфаќа стотина автори кои со своите студии, критики и есеи ги искажуваат книжевните ставови за вредностите на делата на: Коста Солев Рацин, Блаже Конески, Живко Чинго, Коле Чашуле, Ацо Шопов, Славко Јаневски, Владо Малевски, Анте Поповски, Гане Тодоровски, Радован Павловски, Јован Котески, Стале Попов, Матеја Матевски и др., а истовремено македонските критичари и есеисти му приопштуваат на македонскиот читател да се запознае со културите на другите држави со своите студии за вредностите на делата на: Фредерико Гарсија Лорка, Осип Мандељштам, Џорџ Орвел, Хусто Хорхе Падрон, Ференц Јухас, Данило Киш, Рајнер Марија Рилке, Хуан Рамон Хименез и многу други, информира НУБ „Св. Климент Охридски“.

Стана Атанасовска е виш библиотекар во НУБ. Составувач и редактор е на бројни библиографски изданија (библиографии, прегледи, каталози), како и координатор на значајни проекти кои се реализирани од оваа врвна институција од областа на библиотекарството во Македонија. Во 2013 година во издание на Библиотеката од печат излезе и нејзината книга „Паралели: книжевници во Националната и универзитетска библиотека ’Св. Климент Охридски’ – Скопје“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска