„Народно движење за Македонија најостро ја осудува шовинистичката објава на посредникот помеѓу власта и опозицијата, Питер Ванхaуте, на неговиот фејсбук профил дека Македонија е сопственост на Грција како и објавата на неколку фотографии со навредлива конотација за Македонија и Македонците, иако посредникот Ванхоуте е должен да се воздржува од навреда насочена против угледот на државата каде ја извршува посредничката функција како претставник на Европската унија.
Оттука, НДМ апелира до македонското МНР да побара официјално извинување од Европската унија за непримерната и навредлива објава на Ванхaуте како нејзин претставник во меѓупартискиот дијалог за надминување на политичката криза во земјата, бидејќи, Ванхaуте е должен да се воздржува од навреда насочена против угледот на државата каде ја извршува посредничката функција.
Доколку изостане бараното извинување, НДМ повикува на прекин на посредничката функција на Ванхоуте, односно, Македонија да го прогласи за непожелна личност – persona non grata, со што, Европската унија на јасен начин ќе ги слушне македонските ставови и аргументи за изблиците на антимакедонизам од службеници на Унијата.
Дотолку повеќе, во постоечките околности, нашата иницијатива против Ванхоуте е најдобар можен начин за заштита на македонските национални интереси“, се вели во соопштението на Народно движење за Македонија.