Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков денеска оцени дека изјавите на црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ за вмешаноста на Русија во протестите во Подгорица се „целосно чудни“ и дека се дел од постоечките навики да се демонизира Москва.
– Тоа се сосема чудни изјави… Во се бараат ѓавол и притоа продолжуваат да ја демонизираат Русија, тоа е позната забава во многу држави, истакна Песков.
Тој додаде дека очекува дека „ќе надвладее здравиот разум и ќе доминираат трезвени оцени“.
Ѓуканивиќ во интервју за Хрватската радио телевизија (ХРТ) истакна дека „нема сомнеж дека Русија имала, и понатаму има, активна улога во антивладините протести“.