Кавадарчани најуспешни на Државното првенство во стрелање

Од:

Стрелачкиот клуб од Кавадарци беше најуспешен во екипен и поединечен пласман на Државното првенство во стрелање со војничка пушка 7,9 милиметри, кое викендов се одржа во Штип, информираше денеска Благој Пешиќ, тренерот и претседател на клубот „Кавадарци”.

– Државното првенство беше во организација на Македонската спортска стрелачка федерација. Во екипен пласман ние бевме први со испукани 481 круг. Втори беа од стрелачкиот клуб „Штип” од Штип со испукани 456 круга, а трети стрелачите од „РЕК Битола” од Битола со 416 круга, изјави Пешиќ.

Стрелци од кавадаречкиот клуб ги освоија и првите три места во поединечна конкуренција. Прв беше Пепи Ганчев со 161 круг, втор Илија Милков со 160 круга и трет Атанас Танев со 160 круга.

Би можело да ве интересира

Во Тетово одржан Меѓународен балкански турнир во стрелаштво

Ана Ололовска

Осуденик на смрт бара да го стрелаат, било помалку болно од инјекција

Жарко Настоски

Унгарија: Светска и олимписка шампионка во стрелаштво почина од Ковид-19

Жарко Настоски

Во Велес се одржа Првиот куп за стрелаштво за пионери до 15 години

Ана Ололовска

Градоначалникот Георгиевски доби признание за посебен придонес во развојот и популаризацијата на спортското стрелаштво во Македонија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Стрелците Џингов и Бранковски и покрај постигнатите норми, МОК не ги пушта на Олимпијада

Ана Ололовска