Во издание на „Везилка 2011” излезе од печат книгата „Булгаков – писма до Сталин” од познатиот белградски новинар и писател Александар Новачиќ.
– Книгата го опфаќа вкупниот „московски дел” од животот на големиот руски класик Михаил Булгаков. Во неа, авторот ја сместува книжевната, политичката и етичката полемика на Сталин и Булгаков на сцената на вечниот судир на власта и творецот, идеологијата и книжевноста, на „прозата” и „поезијата” – по што нема победници и поразени, но останува утехата. Барем кога станува збор за уметникот и уметноста, соопшти издавачот.
Александар Новачиќ, меѓу другото, е автор и на биографските романи за Чехов и Венедикт Јерофеев, исто така објавени на македонски јазик во издание на „Везилка 2011”.