Кандидатот на владејачката партија во Аргентина Фронт за победа, Даниел Сиоли освои поголем број гласови на претседателските избори, покажуваат официјалните податоци од обработени 80 проценти од гласачките ливчиња.
За Сиоли гласале 35,59 проценти од избирачите, а за Маурисио Макри од опозициската конзервативна партија Републикански предлог – 35,37 отсто.
Сиоли изгуби во Буенос Аирес, каде се обработени 98 проценти од гласовите. Тој освои 24 отсто од гласовите, а Макри, кој е градоначалник на главниот град на Аргентина, освои 50 проценти.
Иако се уште се неизвесни конечните резултати, јасно е дека ниту еден од двајцата кандидати, кои освоија најголем број гласови, нема да има 45 отсто од гласовите, колку што се потребни за избор во првиот круг.
Вториот круг од претседателските избори ќе се одржи на 22 ноември.