ЛП: Министерството за здравство сноси одговорност за настани во јавното здравство

Од:

Либералната партија изразува жалење за несаканите смртни случаи во здравството во последно време и сочувствува со семејствата на починатите. Случајот со родилката и бебето во гевгелиската болница е кулминација и бара темелна истрага.

Воедно, Либерална партија реагира на последното соопштение на Mинистерството за здравство со кое Министерството се обидува целосно да се изземе од одговорност.

Потенцираме дека целото здравство не може да биде одговорно за ваквите несакани трагедии, а Министерството не може да биде директно одговорно за неодговорноста на поединци – доктори или медицински персонал. Но челните луѓе во Министерството и раководствата на болниците се одговорни за отсуството на систем за квалитет и контрола на процесите во здравствените установи, што ги причинуваат ваквите трагедии.

Министерството мора да организира правила и служби кои ќе пријавуваат и санкционираат случаи на конзумирање алкохол пред и за време на работа и пушење на цигари во болниците од страна на вработените. Ако причините за ваквите случаи не се санкционираат превентивно, тогаш трагичните последици се неминовни. Исто така раководните лица во Министерството се одговорни за хигиенски, сместувачки, лабораториски и технички услови во објектите на јавното здравство.

Ваквите состојби таложени со години се причината што во рамки на подготовката на здравствената политика, Либералната партија подготвува програма за имплементација на систем на контрола во квалитетот во пружањето здравствена нега и инвестирање во многу подобри услови за работа на докторите и медицинскиот персонал.

Нашата цел е позитивно корисничко искуство на сите пациенти корисници на услугите во јавното здравство и позитивни работни услови на здравствените работници, со одржлив систем на финансирање на (јавното) здравство.

Би можело да ве интересира

ЛП: Скандалозна одлука на Уставниот суд, со мораториумот се докажа дека се можни промени и на општинско ниво

Ана Ололовска

ЛП: Да се забрани трговија на големо и мало во недела и на празници

Ана Ололовска

ЛП: Дислокација на обложувалниците и казината надвор од насeлените места

Ана Ололовска

ЛП: Дали е спроведена истрага за промашувањето на автопатските делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид

Ана Ололовска

ЛП: Реформа во администрацијата е итно потребна

Ана Ололовска

ЛП: Со воведувањето на налепници за возилата нема да се реши проблемот со загадувањето

Ана Ололовска