Австрискиот канцелар Вернер Фајман денеска предупреди на опасноста од тивко распаѓање на Европската унија.
-Сега е прашањето на заедничка Европа или на тивкиот распад на ЕУ. Првиот пат е тежок и веројатно спор, но вториот води само во хаос, рече Фајман за виенскиот дневен весник „Кронен цајтунг“ по повод вонреднит мини Самит на ЕУ за бегалската криза, што денеска се оддржува во Брисел.
Според него, обезбедувањето на надворешните граници на ЕУ е важно, но не може да има алтернативи, па секоја земја да крева ѕидови.