Женската екипа на Гамбит Асеко го освои второто место, а машката на Алкалоид шестото на европскиот клупски куп во шах што се играше во Скопје.
Во последното (7.коло) во женска конкуренција Гамбит Асеко ремизираше со рускиот тим Угра.Првото место им припадна на шахистките на Нона од Грузија, додека бронзата ја освоија ја освои Угра.
На машкиот дел од турнирот првото место го освои Сибир (Русија) кој до титулата европски шампион стигна без пораз со шест победи и едно реми. Сибир, во последното коло, ремизираше со Објетиво Падова. Второто место е за Сокар од Азербејџан, а трети беа шахистите на Медниј Всадник од Русија.
Македонскиот шампион Алкалоид, во последното коло славеше над израелскиот Бер Шева со 4,5:1,5 и во конечниот пласман го освои шестото место.