Лестер Бо Мекејлеб не доби шанса за да заигра во најсилната кошаркарска лига на светот и тоа во својот роден град, откако Њу Орлеанс одлучи да го отпушти македонскиот кошаркарски херој.
Поранешниот репрезентативец на Македонија, наводно не ги задоволил критериумите на стручниот штаб на НБА тимот, па поради тоа не го преживеа последниот филтер пред составувањето на екипата пред почетокот на сезоната во НБА лигата.
Мекејлеб имаше десетдневен договор со клубот од неговиот роден град, а во тој временски период тој требаше да се избори за долгорочен договор, но тој не одигра на своето ниво во подготвителните натпревари, по што беше одлучено да не му понудат нов договор и да се прекине соработката со плејмејкерот.