(ВИДЕО) СДСМ Гевгелија: Двајца анастезиолози биле под дејство на алкохол

Од:

Се наоѓаме пред Општата Болница во Гевгелија каде завчера трагично почина родилка и нејзиното неродено дете во одделението за гинекологија. Невиден скандал е во 21 век здрава мајка и нејзиниот плод да го изгубат животот заради хаос во здравствениот систем, велат од СДСМ Гевгелија.

Според нашите информации, не еден, туку двајца анастезиолози, биле под дејство на алкохол.
Гевгелиската болница е слика за хаосот во здравството.

Опремата е застарена и неисправна, а здравјето на граѓаните е изложено на несигурност.
Детскиот диспанзер веќе одамна нема специјалист педијатар, па услугите ги изведува доктор од приватна здравствена ординација. Старосната структура на сега вработените најавува скорешен дефицит на специјалистички кадар и во нервното, кожното одделение, а екипата за Брза помош веќе подолго време ја пополнуват со дежурства доктори од приватните установи.
Ова е послецица на несоодветно и неквалитетно менаџирање со здравствените ресурси, немањето развоен план, немањето инвестициски обновувања со наменски средства од Буџетот на Република Македонија и Министерството за здравство.

Додека владата води кампања за многудетни семејства ние имаме несоодветно подготвени родилишта.

Зошто од близу 180 новородени деца во општината, годишно 150-тина се изведуваат со царски рез?

Зошто оперативниот зафат на несреќната родилка бил закажан ноќе кога таа уште утрината била примена на одделение, со уредни здравствени наоди? Пак ли некој сметал дека ноќниот труд повеќе се исплаќа од дневниот, па имало доволно време да посегне и по некоја капка алкохол за стимилација. Тоа е недозволиво!

Одговорност за изгубениот човечки живот мора да има.

Колку животи треба да однесе лошилот здравствен систем за Тодоров конечно да си замине од позицијата?

Би можело да ве интересира

СДСМ: По седум градови, Лепенец и Вардар – сега Рич и Белотино со загадена вода

СДСМ: Кој гарантира и кој потпиша дека водата во Гостивар е технички чиста?

СДСМ: Да се повлече законот за „Скопје 2028“, со него се легализира корупција и се заобиколуваат јавните набавки

Катерина Ѓуровски

Прескокнувањето системски закони е аларм за корупицја – Антикорупциска реагира за Законот за „Скопје 2028“

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Клековски денес призна и за жолтица во Гостивар– време е кривично да одговара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Сè уште нема документ за водата во Гостивар а нови градови се со отровна вода