Писмо на црногорска мајка до синовите: Поради вас вечерва излегувам на улица!

Од:

Пред вечерашниот голем антивладин протест во Подгорица, на социјалните мрежи се шири писмо на една црногорска мајка посветено на нејзините синови. Станува збор за активистката на Движење за промени, Ива Бајковиќ, која на својот Фејсбук профил на емотивен начин им објаснува на своите деца зошто вечерва ќе протестира за промени во Црна Гора.

Порака за моите деца,

Драги мои синови, бидејќи повеќе не ги бројам деновите туку часовите до слободата, чувствувам потреба на овој начин да ви објаснам што работи вашата мајка. Имено, никогаш не бев најдобрата мајка на светот и не ви обезбедив многу нешта.

Дури и не бев тука, кога најмногу ви требав. Но тоа не значи дека чувствував помалку љубов кон вас. Напротив. Таа љубов ме тераше напред, дури и кога изгледаше дека се пропаднало и нема повеќе излез.

Ме теравте да станам кога сакав да лежам и сите сам да ме остават на мир. Па и кога излегов да спијам во овие шатори, повторно во главата ми бевте само вие двајца. Зошто, ако не можам да го надополнам изгубеното време-сепак можам да направам едно нешто.

Да се обидам да ви оставам малку подобра држава од онаа во која сте родени. И знам дека е чудно чувството да работиш нешто во што веруваш, додека другите ти се смеат. Можеби и вие двајцата почувствувавте доза непријатност поради грубите коментари, но сето тоа помина.
Кога застанав пред оној кордон, јас ги видов вашите лица и знаев дека ги спречувам да дојдат до вас двајцата. Можеби утре слободата ќе влезе на голема врата, но сакам да ви порачам нешто.

Како што реков, не ви обезбедив многу, но едно нешто да. Како прво-вие сте тие кои доаѓаат и не смеете да дозволите повеќе на ниту еден политичар да заседне во фотелјата, а да не се плаши од народот. Должни сте да дадете отпор на се што “засмрдува“. Па дури и јас да седам во таа фотелја, ако лошо работам морате да излезете и на сиот глас да барате да се тргнам.

Немојте да дозволите да ве понесе рамнодушноста. Таа е опасна. Тоа е помирување со судбината и чекање подобри денови, кои никогаш нема да стигнат доколку не се изборите самите за нив. Сакам да бидете свесни дека живеете во земја која ве направи тоа што сте, таа ве обликуваше, ве формираше-и должите секој ден да направите нешто добро, некоја ситница која од вас прави подобри луѓе и се околу вас прави подобро место за живеење.
Јас утре повторно ќе бидам на улица. Овој пат никој повеќе не се смее. Да се радуваме на слободата што доаѓа. Ќе бидете со мене, во моето срце, во моите мисли.

Би можело да ве интересира

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба