(ВИДЕО) СДСМ: Криминалот на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ – купиле 63 објекти низ Македонија

Од:

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ директно го кршат договорот од 2 јуни /15 јули. Се плашат од комплетирањето на специјалното јавно обвинителство. Се плашат од избор на независен министер за внатрешни работи, вели Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

Тој во продолжение рече:

Се плашат од заминување на Никола Груевски од премиерската позиција. Се плашат од соочување со одговорноста.

Се плашат и сакаат да избегаат од слободни, фер и демократски избори.

На Никола Груевски му е јасно дека неговиот криминал, неговата корупција и изборниот грабеж што го спроведе нема да останат неказнети.

Денеска јавноста ќе добие уште еден доказ зошто Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ го кршат Договорот и по секоја цена се обидуваат да го оневозможат нормализирањето на институциите и враќањето на правната држава.

Затоа што станува збор не само за личен, не само за семеен туку и за партиски криминал.

Во текот на 2014 и мал дел во 2015 година, политичката партија ВМРО-ДПМНЕ купила огромен имот низ цела Македонија. Дури 63 објекти на различни локации со вкупна квадратура од близу 12.000 метри квадратни. Само објекти, без земјиште, најголем дел во Скопје.

Вкупниот приход што ВМРО-ДПМНЕ го прикажала за 2014 година изнесува помалку од 4 милиони евра.

ВМРО-ДПМНЕ како и нејзините функционери со малку пари купува огромен имот.

Очигледно е дека додека се крадела државата се богатела не само фамилијата туку и партијата.

Колку чини вкупниот имот на ВМРО-ДПМНЕ?

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Панче Тошковски го суспендира командирот од Ропотово, Даница Чадиева од СДС преку Второстепена го враќа

(ВИДЕО) Јанковиќ: Орце застана зад криминалните дивоградби во Чаир, глас за Орце е глас за Скопје да стане дивоградба

(ВИДЕО) Кузеска: Стандардот на граѓаните постојано се намалува а власта одбива да ги покачи платите

СДСМ: Вистинското прашање за Мицкоски е зошто ВМРО-ДПМНЕ ја даде концесијата за Казандол?

СДСМ: Ги демантираше и нивниот градоначалник од Кавадарци, ВМРО-ДПМНЕ фатени во нова лага за Ерзмус+

Шукова најави културни ваучери за млади и пензионери, концерти и театри на отворено

Горан Наумовски