(ВИДЕО) Русите со идеја како да се спасат патниците од авион што паѓа

Од:

Руска авиокомпанија претстави идеја на која ќе се работи за спасување на сите патници кои се во опасност при летот со авион. Идејата која изгледа револуционерна всушност е еден вид на “меко“ катапултирање на сите патници од авионот.

Според видео презентацијата, кога авионот би се нашол во опасност, “капсула“ со сите патници автоматски би се исфрлалала од задната страна на авионот.

Претставени се сите опции, при полетување, при хоризонтален лет и при слетување на авионот. Во сите ситуации, по принципот на катапултирањето на пилотите од воените авиони, внатрешноста на авионот заедно со сите патници се исфрла од задниот дел, при што се активираат два големи падобрани кои гарантираат безбедно слетување.

Идејата ги запали социјалните мрежи каде коментарите се дека едвај се чека реализација на вакво нешто, со оглед дека повеќето луѓе имаат страв од летање со авион. Дел од коментарите се однесуваат на тоа дека понуденото решение не ги спасува и пилотите на авионот.

Би можело да ве интересира

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Алаудинов: Зеленски ќе мора да потпише безусловна капитулација

Најмалку осум лица се повредени во руските напади на Запорожје во Украина