Четири лица се повредени при деактивирање на бомба поставена пред хотел, во близина на пирамидите во главниот град на Египет, Каиро.
Обезбедувањето на хотелот „Меридијан“ го открила сомнителниот предмет пред објектот и повикало полиција.
При деактивирање на бомбата повредени се двајца полицајци и двајца членови на обезбедувањето на хотелот.
Во меѓувреме во египетскиот град Ал Ариш настрадаа четворица полицајци при експлозија на бомба.
Безбедносните сили се честа мета на напади во Египет од 2013 година кога армијата го собори од власт претседателот Мохамед Морси.