Кривична пријава за 19-годишен скопјанец за извршени кражби

Од:

СВР Скопје до надлежното Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против скопјанецот А.М. (19) поради сомнение дека извршил четири кривични дела и тоа три “тешки кражби“ и едно кривично дело “кражба“ притоа стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 100.000 денари.

Пријавениот кривичните дела ги извршил во периодот од 28 јули до 12-ти овој месец, од кои две во куќи, и две во возила, сите на подрачје на Бит-Пазар.

Првата тешка кражба во куќа ја извршил во раните утрински часови на тој начин што откако се уверил дека нема да биде приметен од никого се прекачил преку оградниот ѕид и преку незаклучената влезна врата влегол во куќата од каде што украл лаптоп и еден телевизор и неприметен од никого го напуштил местото.

Втората тешка кражба во куќа ја извршил во доцните вечерни часови. Откако претходната се уверил дека нема да биде приметен од никого се прекачил преку оградата од задниот дел од дворот и со употреба на погоден алат влегол внатре од каде што украл телевизор, но во моментот кога го изнесувал од куќата во дворот бил забележан од страна на братот на оштетениот. А.М. бидејки бил забележан и препознаен го фрлил украдениот телевизор оштетувајки го и притоа избегал.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола, поднесена е кривична пријава

ВИДЕО: Како работела лихварската банда – наплаќале огромни камати, одземале имот и живееле луксузно

Катерина Ѓуровски