Инцидент во кругот на тетовското Текстилно училиште „Ѓоце Стојчески“ – „Летале“ тупаници и ножеви

Од:

Во кругот на тетовското Текстилно училиште „Ѓоце Стојчески“, вчера околу 16:50 часот додека Р.М.(18) од с.Ново Село, по завршувањето на часот по физичко се упатил кон училницата, бил пресретнат од 17-годишно лице од село Џепчиште, поранешен ученик во наведеното училиште, при што настанала меѓусебна расправија.

Р.М. бил нападнат физички од малолетникот кој го удирил со тупаница во пределот на лицето и му нанел повреда во вид на оток и модринка. Откако од страна на друг ученик е направен обид да ги раздвои лицата, поранешниот ученик извадил нож и со истиот замавнал кон Р.М. притоа повредувајќи го ученикот кој се обидел да ги раздвои и го исекол на палецот од левата рака. Во Полициската станица Тетово обавен е разговор со лицата и по целосно документирање и расчистување на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски