Русија ги повика земјите кои се борат против Исламска држава да ја преиспитаат својата кратковидна политика на одбивање да и се придружат на Русија и да почнат конструктивно да работат на предлог-резолуција во Советот на безбедност на Обединетите нации, изјави рускиот амбасадор во ОН, Виталиј Чуркин на седнца на СБ.
Тој наведе дека Русија предала предлог-резолуција до СБ за обединување на напорите во борбата против тероризмот.
– Заканата од ИД е неподнослива и за да се ликвидира таквата закана потребни се колективни напори засновани на норми и начела на меѓународното право и одредби на повелбата на ОН, посочи Чуркин.
Тој ги негираше обвиненијата на американската амбасадорка во ОН, Саманта Пауерс дека руската воена операција во Сирија ја влошила хуманитарната ситуација во земјата и оти нападите се во корист на ИД.