Австриската државна железничка компанија го прекина железничкиот собраќај во близина на главниот граничен премин со Словенија за да не ги доведе во опасност мигрантите во близина на пругата.
Железничкиот сообраќај е во прекин откако австриската полиција денеска ја острани пречката на локацијата за собирање на мигранти на преминот Спиелфелд, за да го намали притисокот поради пренаселеноста на бегалскиот центар, што би можело да доведе до насилство.
Полицијата тврди дека повеќе од 3.000 мигранти останале групирани во близина на колективниот ценар, а стотици се упатиле кон Грац.